Денес на седницата на Совет на Општина Гази Баба, се донесе Предлог – Одлуката за регулирање на сообраќај во мирување и регулирање на наплата на комунална такса на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање – зонско на подрачјето на Општина Гази Баба.
Одлуката ќе се спроведе, односно ќе се пристапи кон реализација и имплементација на истата откако претпријатието ќе ја добие целата потребна документација.
Со проширувањето на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје во населба Автокоманда, ќе им се обезбеди на граѓаните полесен пристап до паркинг простор, а со тоа и полесен проток на возилата во сообраќајот.