25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.БИЗНИС

Николовски: Семејната винарија „Максимилијан“ во село Пепелиште е успешен пример за максимална искористеност на мерките кои ги нудиме

59 мали семејни винарии добија грант од 10.000 евра на минатиот повик, и денес го споделуваат своето позитивно искуство со нас. Наша поддршка покрај грантот за опрема и модернизација на своето производство, има и за промоција на убавото македонско вино преку јавниот повик за поддршка на локални манифестации и саеми за 2023, рече министерот Љупчо Николовски при посетата на семејната винарија „Максимилијан“.

„Семејната винарија „Максимилијан“ во село Пепелиште, Неготино, е токму еден успешен пример за максимална искористеност на мерките кои ги нудиме, учесник на многу саеми, и добитник на повеќе домашни и меѓународни награди. Ивица Златковиќ е добитник на грант од 10.000 евра за мали винарии, но и грант од 20.000 евра за млад земјоделец.

Го охрабрувам Ивица да аплицира и за мерката „Бизнис план“ преку јавен повик кој е отворен во текот на целата година, и да добие грант од 10.000 евра за уште поголеми инвестиции и модернизација на своето производство.“, рече Николовски.

„Семејната винарија Максимилијан е пријатно освежување на македонската винска лепеза. Поддршката овозможена преку грантови од програмата за рурален развој и програмата за поддршка на малите семејни винарии нашиот домаќин Ивица ја инвестирал наменски во опрема за производство, чување и пакување на неговите бели и црвени вина. Пренесувам одличен впечаток од денешната посета со силна препорака за сите љубители на виното и руралниот туризам да ја искористат секоја можност да ги посетат семејните винарии ширум и да уживаат во нивната понуда“, рече директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски.

извор Агротим