23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција – потврда за довербата и кредибилитетот на државата

Аукцијата за издавање на деветтата еврообврзница помина успешно, со четири пати повисок интерес од инвеститорите во однос на понудата. Преку аукцијата се обезбедија 500 милиони евра по купонска камата од 6,96%, додека дополнително 100 милиони евра се обезбедуваат од инструментот за макрофинансиска поддршка на Европската Комисија по каматна стапка од приближно 3%. Ова значи дека рефинансирањето на еврообврзницата од 2016 година и другите отплати на претходни задолжувања, кои достасуваат и за кои беа наменети овие средства, ќе се изврши според истите номинални услови постигнати со претходната аукција.

Интересот на инвеститорите за деветата еврообврзница беше над 2 милијарди евра или за половина милијарда евра повисок во однос на првата аукција, што ја докажа уште еднаш нивната доверба во политиките кои ги води Владата.

Остатокот од средствата планиран за буџетските потребите за 2023 година се обезбедува преку поволни заеми од меѓународни финансиски институции, односно Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и др., со пониска камата, кои во исто време ќе бидат подршка за политиките кои се спроведуваат, а кои на среден и долг рок ќе придонесат за поголем раст.