На 01.03.2023 полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.М.(45) од Штип. Тој се сомничи дека на 27.02.2023 и на 28.02.2023 извршил две тешки кражби во два деловни објекта во Велес.
Имено, на 27.02.2023 и на 28.02.2023, со употреба на сила и подесен алат тој влегол во два продажни објекта, при што одзел пари и други производи.
С.М. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.