Денес ќе дува засилен ветер од јужен правец (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи релативно топло време.
Од крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег.
Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.
Прогноза за 28.02.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 11C до 18°C
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Прогноза за 01.03.2023
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Претежно облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Прогноза за 02.03.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 14°C
Претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.