Додека Цветанка Иванова е генерален секретар на Собранието, нејзината снаа станува судија, непотизмот со СДС и ДУИ метастазира. Огромен сомнеж се фрла врз целиот процес за нови судии и обвинители кога ќе се погледне листата, се чини дека нема функционер од СДС и ДУИ кој нема свој близок на списокот. Како граѓаните да веруваат во институциите, кога со нив раководат фамилијарно партиски кланови, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат каде на друго место во Европа во мандат на свекрвата како генерален секретар во Собрание, нејзината снаа станува судија?
Со СДС и ДУИ довербата на граѓаните во судството и обвинителството ќе биде се пониска.
Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните со право сметаат фека политичарите од власта се недопирливи пред законите, кога нивните најблиски роднини се или судии или обвинители.
Со СДС и ДУИ народната кадија те тужи, кадија те суди, има ново значење, син те тужи, ќерка ти суди. Кој е епилогот од така метастазирано судство од непотозам?
Потребни се промени, и нов пристап кон имстотуциите, мерит систем, наместо непотизам и партизација, се вели во соопштението.