Централниот регистар му доставил на Министерството за правда список со 17.000 здруженија и фондации, чии имиња треба да бидат проверени.
Комисијата натаму ќе треба да се изјасни за спорните имиња на некои од здруженијата и следствено да даде позитивно или негативно мислење. Министерот за правда потоа ќе донесе решение дали тоа здружение ќе треба да се згасне или да продолжи со својата работа.
Претходно, бугарското здружение „Цар Борис Трети“ од Охрид најави дека ќе поднесе документација до Централниот регистар за промена на името, а битолското здружение „Иван Михајлов“ најави тужба.
Законските измени што стапија во сила пред три месеци предвидуваат здруженија да не може да носат имиња на лица што се поврзуваат со фашизам и нацизам или да имаат таква дејност.