13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Лукаревска: Решението од Стразбур е победа на правната држава, сега е на судовите да го зацврстат авторитетот и интегритетот

„Вчерашниот ден создаде интерес во пошироката јавност за одлуката на судот од Стразбур за што сметам дека победи правната држава, бидејќи владеењето на правото е услов за позитивен извештај од Европската комисија. Сега задачата е да се продолжи и домашното судство да си ја заврши работата“ рече заменик-претседателката на СДСМ и директорка на УЈП, Сања Лукаревска во „10 минути“ на ТВ21.

Таа додаде дека судот во Стразбур донел правилна одлука, а сега треба судиите и судовите да го зацврстат својот авторитет и интегритет и да имаме конечна разврска на случаите од пораншеното СЈО.

„Со тоа што ќе продолжат овие процеси се враќа на некој начин и довербата во судството. Порано имавме тефтерчиња во судството и се уште трпиме последици од тоа време, кога една политичка партија можеше да биде судски совет, но веќе не е така. Само ако го ставиме владеењето на правото на пиедестал ќе се врати довербата на граѓаните во судството“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека недовербата создава перцепција за обесмилување на суштината и тоа што значи владеење на право и создава чувство дека правдата нема да стигне никој.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Струмица: Сум ги гледал луѓето во очи кога им било најтешко, верувам дека на секој мора да му се помогне

ДЕСК

Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

ДЕСК

Павле Трајанов најави победа на советничката листа на Демократски сојуз во Конче

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.