Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Спасовски: За ВМРО-ДПМНЕ е важно како да дојде на власт, а не како да се постигнат националните интереси

Според министерот Оливер Спасовски ВМРО-ДПМНЕ низ минатото и сега гледа само како да дојде на власт, а не како да ги реши предизвиците за време на евро-атлантските интеграции.

-ВМРО-ДПМНЕ немаше став за Преспанскиот договор, немаше став за Договорот со Бугарија. Тие постојано се на став дека за нешто се против, но без аргументи. Тоа не е став, кажа Спасовски во гостувањето во ТВ Шења.

Тој истакна дека со силата на аргументите, низ дебата, ќе треба да се убедат сите чинители дека се потребни уставните измени.

-Треба да бидеме обединети за националните интереси, а опозицијата само декларативно искажува поддршка за евроинтегративниот пат, рече Спасовски, додавајќи:

„Која е алтернативата да не се согласиме дека Македонија треба да биде членка на ЕУ? Нема алтернатива. Граѓаните сакат да се изградат институциите на тие европски вредности. Зачленувањето не е имагинарен процес, тоа е практично процес во кој вие ќе ги градите институциите. Тоа не е само менување на легислативата. МВР има во голем процент усогласеност со европските директиви, но следниот чекор е имплементацијата и спроведувањето на законските решенија. Тоа мора да се дефинира при процесот на пристапување во ЕУ“, заклучи министерот.

Можеби ќе ве интересира

Продолжува поддршката на Американскиот мировен корпус во градење поинклузивна училишна средина и јакнење на јазичните вештини на учениците

ДЕСК

Николоски од Брисел: Земјите на Коридор 10, Македонија, Грција, Србија, Унгарија и Австрија ќе потпишеме Договор за брза пруга 

ДЕСК

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.