22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЉУБОВ И СЕКСИЗБОР

Нема потреба да го чекате Денот на вљубените за да си посветите внимание

Некогаш рекле дека Денот на вљубените е создаден за личности кои не се труделе и не вложиле никаков напор во текот на целата година, за разлика од други кои ја слават љубовта секој ден.

И се чини дека ова е апсолутна вистина, според некои таблоиди.

Голем број девојки и жени се многу повеќе преокупирана со целата идеја за ‘Валентајн’ кога се сингл. Мислат дека нешто пропуштаат. Некои од нив признаваат дека не им е пријатно гледајќи фотографии на „Инстаграм“ од среќни парови. Интересно е тоа што кога се во врска, Денот на вљубените не им е важен.

Како и да е, тоа е само еден ден, сличен како и секој друг ден и нема потреба да се прави голема врева околу тоа.

По неколку неубави и емотивно исцрпувачки врски, и по временски празнини кога биле сингл, луѓето се чини дека научиле да ценат некој кој е добар со нив цело време.

Вистината е што откако ќе се најдете безбедно завиткани во прегратките на вистинската личност, секој ден е Денот на вљубените.

Не чекате посебни прилики за да си кажете еден на друг колку си значите. Само треба да вложите труд да го направите тоа.

Секој ден е добар ден да си готвите еден за друг или да излезете да јадете. Секоја вечер е совршена за гушкање на каучот и гледање телевизија. Секој сон е посладок кога се бакнувате пред да заспиете.

Не се работи за тоа дека сè е постојано совршено, туку за тоа да биде убаво во поголемиот дел од времето, и да се справувате со несовршеностите што ќе се испречат на патот.

Нема потреба да го чекате Денот на вљубените за да покажете наклонетост и да си посветите внимание. Тоа едноставно се случува природно кога сте со некој кој ве сака и се грижи за вас исто како и вие за него.