18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведени насилници, го признале делото, следува кривична пријава

На 12.02.2023 полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за насилен криминал ги лишиле од слобода Е.Ф. и И.Т.. Имено, постапувајќи по пријава од Ф.Џ.(39), косовски државјанин, според која на 11.02.2023 во 22.30 часот пред и во продавница на подрачјето на Кисела Вода со тврд предмет бил физички нападнат од неколку лица, полициските службеници по преземени мерки и активности ги пронашле сторителите на кривичното дело и ги привеле во полициска станица.

При извршен службен разговор, тие го појасниле и признале кривичното дело, а по обезбедени дополнителни докази известено е ОЈО Скопје, по чии насоки против пријавените ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК