18. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Одржан состанок на националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска во улога на претседавач присуствуваше на состанокот на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на совет на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство каде беше презентиран Моделот на интегрирано прибирање и анализа на податоци за родово базирано насилство од страна на Јоана Хорга, интернационален консултант и Наташа Бошкова, национален консултант ангажирани со поддршката на УНФПА. Исто така беа дискутирани и двата правилници согласно член 28 од Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Присутни на состанокот беа претставници на УНФПА, мисијата на ОБСЕ во државата, граѓанските организации и Министерството за труд и социјална полтика.

Според презентацијата на Јоана Хорга системот за управување со информации за родово засновано насилство претставува систематски и стандардизиран метод за претворање на податоците во информации коишто се користат за создавање знаења. Таа посочи дека овој систем е еден од суштинските меѓусекторски алатки кои му се потребни на давателите на услуги за следење и оценување на квалитетот и ефективноста на услугите.

Од страна на експертките беше посочено дека овој систем ќе ги брои жртвите на насилство како и сторителите, ќе има регистар на услуги кои се достапни на ниво на државата, резултати како и настани кои се поврзани со родово заснованото насилство.

На крајот од состанокот беше разговарано и за нацрт верзијата на ГРЕВИО извештајот драфтиран од страна на Советот на Европа.

Можеби ќе ве интересира

Две женски лица нападнале 16 годишно девојче среде бел ден во Скопје

ДЕСК

Нова драма во Карпош: Две лица почнале да му се закануваат на младо момче и неговата девојка, а потоа му го оштетиле возилото

ДЕСК

Тепачка во Шуто Оризари

ДЕСК