14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Концептот Едно општество за сите доаѓа до израз тогаш кога е најпотребно

Македонија сплотена во помошта кон Турција, пишува 24инфо.мк.

Скопје, Тетово, Охрид, Гостивар се само дел од градовите каде деновиве се случуваат масовни хуманитарни акции за помош на настраданото население во Турција.

Турци, Македонци, Албанци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи масовно донираат за настраданите во катастрофалните земјотреси што ја погодија Турција.

Хуманоста на граѓаните на Македонија, како и концептот Едно општество за сите доаѓаат до израз тогаш кога е најпотребно.

Покрај паричната и хуманитарна помош, на терен во Турција се и дузина спасувачки екипи од Армијата и од противпожарните бригади кои рамо до рамо со турските колеги извлекуваат повредени и и санираат дополнителни штети.

Граѓаните, институциите покажаа што е вистинска грижа за една пријателска држава и пријателски народ.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.