Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈАИЗБОР

Маск воведе нова опција за твитерџиите со сино лого

Елон Маск воведе уште една голема промена на „Твитер“. Корисниците на платформата во САД, кои се претплатиле на услугата „Твитер блу“ за автентичност, ќе можат да пишуваат објави што содржат до 4.000 знаци од твит, што е 10 пати повеќе од вообичаено дозволено.

„Потребни ви се повеќе од 280 знаци за да се изразите? Знаеме дека тоа е она што многумина од вас го посакуваат. Колку и да ги сакаме добрите нишки, понекогаш сакате да напишете сè во една објава. Ве разбираме и затоа воведуваме подолги твитови“, објави профилот „Твитер блу“.

Иако корисниците што не се претплатени на „Твитер блу“ не може да објавуваат твитови подолги од 280 знаци, тие може да ги видат објавите на оние што го прават тоа. Тие само треба да кликнат „види повеќе“ за да го видат целиот твит.

Можеби ќе ве интересира

Вештачката интелигенција под лупа: звучи уверливо, но често греши

C +

Шефот на OpenAI лансира нов стартап: „Сакам да помислам, а ChatGPT да ми одговори“

C +

Илон Маск ја лансира „Грокипедија“

C +