26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Митева: Многу задоцнето е глумењето загриженост и каење, Ковачевски требаше да ја изготви оставката

Денес граѓаните беа сведоци на лицемерството на Димитар Ковачевски, истакна на прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Обидувајќи се да глуми жртва и човек паднат од небото, не успеа да ја скрие својата неспособност. Никој, буквално никој повеќе не верува во неговата наводна загриженост за проблемите. Додека Ковачевски секој ден спиел по некој час повеќе, во Македонија згаснува по еден млад човечки живот. Дали Димитар Ковачевски чекаше да изгубиме млад човечки живот за да глуми лицемерен душегрижник и сега веднаш да почне да се грижи за луѓето болни од цистична фиброза“, прашува Митева.

Главното прашање, како што вели, е што правеше Димитар Ковачевски веќе два месеца откако болните од цистична фиброза и нивните фамилии беа пред Владата на протест со барања за помош при набавката на потребниот лек, кој за нив живот значи.

„Многу задоцнето е глумењето загриженост и каење. Наместо денес да барал од министерот Сали одговорност, Ковачевски веќе требаше тој самиот, откако најрано во неговиот живот станал од спиење, да ја изготви својата оставка и сите граѓани да се спасат од оваа неспособност“, потенцира портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.