Centar.mk
ЛОКАЛНО

„Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените“, порака на Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, по катастрофалниот земјотрес во Турција, со порака: „Нашите мисли и молитви се со семејствата на загинатите и повредените во катастрофалниот земјотрес во Газијантеп, Р. Турција“.

До градоначалникот на Газијантеп, додава таа, испративме и писмо со сочувство и ја понудивме нашата помош доколку тоа е потребно.

„Градот Скопје е град на солидарност, кој никогаш нема да ги заборави помошта, поддршката и солидарноста на братскиот турски народ.
До Советот на Град Скопје испративме барање на следната седница советниците да одлучуваат за хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Данела Арсовска и натаму заведена како Градоначалник на Град Скопје на веб сајтот на градот

ДЕСК

Стевчо Јакимовски оди во пензија – денеска ја оддржа последната прес конференција како градоначалник

ДЕСК

Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз

C +
error: Соддржината е заштитена.