Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за помош на Турција, порача Петровска

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, изрази сочувство до Турција и турскиот народ по силниот земјотрес.

„Изразувам длабоко сочувство до турскиот народ и нашите сојузници од Турција, но и подготвеност за помош во овие тешки моменти за нашите пријатели“, пишува Петровска на својот фејсбук-профил.

„Македонската Армија е подготвена да даде секаква поддршка за да помогнеме во напорите со справување со последиците од оваа страшна катастрофа и спасување колку може повеќе човечки животи“, додава Петровска.

Нашиот народ, вели таа, знае што значи солидарност и подадена рака во тешки моменти кога е најпотребна.

Можеби ќе ве интересира

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК

ВЕЧЕРВА ПОЧНУВА ИЗБОРНИОТ МОЛК ВО БРВЕНИЦА – Во недела втор круг од гласањето

ДЕСК