26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Унгарската претседателка: Вашето зачленување во ЕУ е пред се’ стабилност за Европа и регионот

Унгарската претседателка, Каталин Новак, порача дека нејзината држава ќе помага Македонија да стане побрзо членка на ЕУ. Според неа, тоа ќе донесе стабилност во Унијата.

“Сметаме дека закчленувањето ваше во ЕУ е пред се за стабилност на регионот и Европа. Ако нема стабилност на Западен Балкан, тогаш нема ни во ЕУ”, кажа таа.

Според неа, преку Македонија стигаат голем број илегални мигранти во Унгариј Бројот се дуплирал изминатата година.

“Многу ми е драго што имаме лично добри односи со Пендаровски. Би сакала пет теми да издигнам. Првата е војаната во Украина, каде ја осудуваме агресијата на Русија. Војната донесе многу проблеми и сакаме побрзо процес за мир и прекин на огнот, како и модус за мир. Унгарија и на хуманитарно поле има многу мерки, имаме примено над милион ипол бегалци. Секогаш стоиме на ставот да се помага Украина”, кажа Новак.

Смета и дека има демографски проблеми во Македонија, односно дека граѓаните се иселуваат. Пендаровски се интересирал за мерките на Унгарија, за имплементација во Македонија.

“Унгарија се обидува економски да помогне во Македонија. Ги поддржуване студентите за студии во Унгарија”, рече унгсрската претседателка.