17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Трансформаторот, кој беше испратен на поправка во Србија, стаса во РЕК „Битола“

Во РЕК „Битола“ пристигна трансформаторот што беше испратен на поправка во Србија по оштетувањето настанато во пожарот во ноември 2021 година, информираат од оваа институција.

Појаснуваат дека постројката ќе биде сместена во трансформаторскиот дел на термоелектраната и ќе се чува како резерва, што е првпат, како што велат, во своето четириесетгодишно постоење РЕК „Битола“ да има резервен трансформатор, кој би можел веднаш да биде ставен во функција со цел непречено производство на електрична енергија.

„Трансформаторот на Блокот 3 на РЕК ‘Битола’ беше оштетен во пожар, кој избувна поради зголемен напон што дојде во постројката од преносната мрежа. По неуспешните обиди за негово ставање во функција од страна на стручни лица во РЕК ‘Битола’, МЕПСО и експерти од електротехничките факултети во земјата, трансформаторот беше испратен и успешно поправен во фабриката ‘Комел’ во Србија. Во моментот Блокот 3 работи со новонабавениот трансформатор монтиран во јануари“, се истакнува во официјалната информација од РЕК „Битола“.

Можеби ќе ве интересира

Дали во понеделник треба да се посети менувачница? – Курсна листа за 18-ти август 2025

ДЕСК

Нови цени на горивата

ДЕСК

Во текот на минатата недела УЈП спроведе 383 контроли за фискализација – 27% од контролираните субјекти со утврдени неправилности согласно ЗРГП

ДЕСК