Centar.mk
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Камен ладно време и снег – Метеоцентар со детална прогноза за времето за првите 4 дена од февруари

И во следните денови ќе се задржи студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула.

Утре кон крајот на денот и во текот на ноќта, како и во сабота ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието.

Прогноза за 03.02.2023
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 1°C до 9°C

Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне со локален слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 04.02.2023
Минимална температура: -6°C до 0°C
Максимална температура: 0°C до 9°C

Променливо облачно со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 05.02.2023
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 1°C до 7°C

Претпладне променливо облачно, попладне сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

Голема физичка пресметка во близина на кафеана во Карпош – МВР излезе со детали

ДЕСК

Грабежи во Аеродром и Центар – девојка и пензионерка останаа без пари и личен накит

ДЕСК

Се запали камион со скопски таблички

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.