Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка денеска: Се судрија голф и сканија, има повредени

Денеска (31.01.2023) во 10.00 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на локалниот пат Мушов гроб кон Конопиште се случила сообраќајна несреќа помегу товарно возило „сканиа“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Т.(57) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Д.(27) од с.Марена, кавадаречко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Г.(33) од Кавадарци, сопатник во патничкото возило, додека со телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило и тројца негови сопатници, констатирани во Општа болница во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

Голема физичка пресметка во близина на кафеана во Карпош – МВР излезе со детали

ДЕСК

Грабежи во Аеродром и Центар – девојка и пензионерка останаа без пари и личен накит

ДЕСК

Се запали камион со скопски таблички

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.