23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Раст на плати и пензии, поддршка за најранливите и оддржливи социјални услуги и сервиси ја обележаа 2022 година

Во рамки на дводневната конференција организирана од страна на Владата на Република Северна Македонија, „Година на нови можности“ се оддржа и панел сесијата „Социјални и здравствени политики во време на криза“ на која се дебатирише  за ефектите од антикризните мерки, воведувањето на новите методологии за раст на минимална плата и пензиите, воспоставување на социјалните услуги и сервиси и обезбедување на нивна одржливост.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  се осврна на она што ја одбележа 2022 година, кои се плановите за 2023 година и  кои се клучните промени од кои директна придобивка имаат граѓаните. Таа зборуваше за имплементацијата на законското решение недела-ден на неделен одмор, кое ги унапредува работничките права, измените во законот за минимална плата, со кое минималната плата се дефинираше на 18.000 денари и новата методологија за усогласување на минималната плата, со која се обезбедува нејзин постојан раст.  

„Ја усвоивме и новата методологија за усогласување на пензиите. Со цел да креираме системско решение кое ќе дава резултати на долг рок, два пати во годината во месеците септември и март пензиите ги усогласуваме со 50% трошоци на живот и 50% просечна плата. Изминатава 2022 година пензиите пораснаа за речиси 10 %. Во месец март очекуваме ново зголемување на пензиите.  За една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16%, “ истакна министерката Тренчевска.

Пензионерите како една од ранливите категории, беа  вклучени  и во финансиската поддршка во време на економско- енергетска криза. Покрај паричната помош од 3000 денари, за околу 330.000 пензионери, пензионерите со пониски пензии од 14.000 денари се дел од последниот пакет антикризни мерки.

„Ги мапиравме најранливите категории на граѓани во моментот. Со Законот за финансиска поддршка ги опфативме корисниците на права од социјална и детска заштита односно корисници на право на социјална сигурност на стари лица, на посебен додаток, на правото на надоместок заради попреченост, со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители  кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош, корисници на право на надоместок за  телесно оштетување и стечајните работници. Оваа помош е предвидена за четири месеци,“ посочи Тренчевска.

Претходно сите приматели на Гарантирана минимална помош добија финансиска поддршка од 3000 денари, за месеците март, април и мај, а тоа се околу 38.000 наши граѓани кои живеат во социјален ризик. Исто така, помош од 1000 денари, како надоместок за покривање на дел од трошоците за енергенси, во време на грејна сезона од октомври до март добиваат корисниците на Гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност. Тоа се над 46.000 домаќинства на месечно ниво.

„Ja зголемивме висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници! Дополнително, во месец јануари се прави усогласување на правата од социјална и детска заштита со трошоците за живот. Корисниците на правата со исплата за месец јануари ќе добијат за 14.2 % повисоки исплати на правата чии корисници се. А за корисниците на посебниот додаток тоа е зголемување на правото за речиси 30%,“ потенцираше Тренчевска.

Министерката зборуваше и за воспоставувањето на социјалните услуги на локално ниво и нивна одржливост.

„Преку Проектот за подобрување на социјалните услуги подржан од Светска банка, досега се доделени грантови за 34 проекти кои се спроведуваат во 41 општина. Она што беше важно, е да се обезбеди нивна одржливост, односно услугите и после поддршката преку Проектот да продолжат со испорака кон граѓаните. За таа цел МТСП, склучува  управни договори за финансирање на услугите и има над 20 склучени управни договори,“ истакна Тренчевска.

Министерката зборуваше и за деинституционализацијата -процес кој успешно се спроведува во нашата држава. Како дел од овој процес е и воспоставувањето  на нови станбени единици за живеење со поддршка. Само изминатава 2022 година, отворени се 16 станбени единици за живеење со поддршка за 80 корисници.

Потпишан е Договор за изведба со кој ќе се спроведе трансформација и адаптација на Заводот за рехабилитација на деца и младинци од Скопје (кои досега обезбедува резиденцијални услуги) во модерен рехабилитациски сервис и кој ќе обезбедува најразлични видови на индивидуализирани услуги за децата со попреченост, за кои се обезбедени средства од 1,4 милиони евра од ИПА 2019 – ЕУ. Дополнително и министерството одвојува средства за оваа намена.

„Отворени се центри за згрижување на жртви од семејно насилство во сите плански региони. Обезбедуваме сместување и психосоцијална поддршка на жртвата. Но, нашата работа нема да биде целосна доколку работиме само со жртвите. Затоа имаме воспоставено и советувалишта за работа со сторителите на насилство, преку Центрите за социјална работа и граѓанските организации,“ посочи Тренчевска.