Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски во униформа: Басните за 2001-ва Али да му ги раскажува на Ковачевски

Басни за 2001-ва Али Ахмети да му раскажува на Ковачевски, напиша на социјалните мрежи, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски споделувајќи фотографија на која е тој облечен во воена униформа.

Ова се случува откако опозицискиот лидер претходно кажа дека бил добоволец во војната во 2001 година, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети возврати дека Мицкоски не учествувал во војната, туку само ја гледал на телевизија.

„Басните за 2001-ва може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…“, напиша Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Четири општини останаа без гласање, повторени избори во рок од 60 дена

C +

АПСЕЊА ВО БИТОЛСКО: Полицијата уапси деветмина, меѓу кои и четворица Косовци

ДЕСК

Тешка сообраќајка близу Битола: Излета југо, има повредени

ДЕСК