13. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Куманово

Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода расчистија кривично дело „тешка кражба“, сторена во периодот од 10.12. до 17.12.2022 година во објект на ул.„Доситеј Обрадовиќ“ во Скопје.

По преземени мерки и активности било констатирано дека сторител на делото е М.З.(30) од Куманово, кој е на издржување на затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор Идризово.

На 26.01.2023 со него бил извршен службен разговор во казнено-поправната установа, при што го признал делото. Од него биле одземени и предмети поврзани со кривичното дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ нуди конкретно решение за Вардариште, додека ВМРО-ДПМНЕ молчи и гледа како се трујат граѓаните

C +

Филипче: Македонија стана опасно место за живеење, Владата нема контрола над пожарите во депониите

C +

Се уште нема субвенции за одгледувачите на овци, ВМРО-ДПМНЕ им сврте грб на земјоделците

C +