24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Се излеа Вардар кај Зелениково

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку бројот за итни повици 112 добиле дојава од лице вработено во Општината Зелениково дека реката Вардар се има излеано во реонот на Зелениково и има зафатено 15 до 20 метри од нивите, а доколку се зголеми водостојот на водата постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на куќите.

Пријавата е добиена од вработено лице од Општина Зелениково и истите известуваат дека за справување со поплавата немаат сили и средства за да се справат со поплавата доколку таа настане. Од страна на ЦУК известени се ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност.