25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Нивото на Вардар порасна за половина метар во центарот на Велес

Регионалниот ЦУК Велес, известува дека денеска според Упра вата за хидрометеоролошки работи (УХМР) нивото на реката Вардар во централното подраје на градот Велес е покачено за половина метар.

На левата страна има излевање во близина на коритото, но нема поплавено објекти и нема загрозено објекти од ударниот бран, што веќе го намалува интензитетот.

На десната страна од Вардар е далеку од куќите.

По контактите оставрени со ТППЕ Велес и ЈКП Дервен Велес истите известуваат дека нема јавување од граѓани за загрозени и поплавени објекти од реката Вардар.