24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вработени во МКЦ од Пендаровски побараа помош за скратениот буџет и изборот на директор

Претставниците на Програмскиот колегиум го запознаа претседателот Пендаровски со последните случувања во Младинскиот културен центар.

Тие појаснија дека со доделениот буџет од Град Скопје за 2023 година ќе ѝ се нанесе непоправлива штета на институцијата и дека со тоа целосно ќе се загрози програмското функционирање на МКЦ, како и функционирањето на ансамблите што дејствуваат во установата и на фестивалите со долгогодишна традиција.

Претставниците на Програмскиот колегиум од МКЦ информираа и за процесот за назначувањето в.д. директор во институцијата, кое, според нив, се случило со намерно заобиколување на пропишаните законски процедури и побараа поддршка од претседателот за нивното барање – законски и отворен конкурс за директор на МКЦ.

Пендаровски посочи дека треба што побргу да се најде решение за овие предизвици во рамките на законските процедури и регулативи.