АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:
УКИНАТИ ЗАБРАНИ: Забраните за движење на тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинати.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските премини Стража, Ѓавато, Буково, Пресека и во Ресен, Крушево и Попова Шапка, но во моментов нема пречка за одвивање на сообраќајот.
ФРЕКВЕНЦИЈА : Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ИЗВЕСТУВАЊЕ: Поради зголемено ниво на вода на реката Радика, од 16.12.2022 урнат е мостот кој води кон селата Нистрово, Бибај, Тануше, Грекај и Нивиште (општина Маврово и Ростуше).
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започната е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате овде.