25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МНР: Запрепастени сме од незнаењето на ВМРО-ДПМНЕ за одговорностите на Претседателство на Северна Македонија со ОБСЕ

По однос на дел од пишувањата на медиуми и официјланите ставови на ВМРО-ДПМНЕ со кое го обвинува Министерството за надворешни работи за хакирање на Фејсбук страната на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, сакаме да ја информираме јавноста дека Mинистерството за надворешни работи како Претседавач со ОБСЕ нема никакви надлежности во управување на страниците на Мисиите на ОБСЕ низ светот, па така ни во Северна Македонија.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ покажува дека партијата нема основни познавања за тоа кои се одговорностите и ингеренциите на Претседателството или намерно шири невистини со цел да наштети на оваа важна меѓународна улога на државата.