14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

193 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (19.01.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 193 возачи.

Од нив 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 38 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Сообраќајка меѓу автомобил и велосипед – Маж тешко повреден

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ВЛАЖЕН БРАН КОЈ ЌЕ ЈА ЗАФАТИ МАКЕДОНИЈА – Детална четиридневна прогноза

ДЕСК

Пронајдено починато машко лице на ридот над германските гробишта во Битола

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.