Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Во тек голем пожар во близина на кочансо Горни Подлог – Силниот ветер го отежнува гасењето

ТППЕ Кочани, известува дека повторно има интервенција на запалено стрниште во близина на селото Горни Подлог.

Силниот ветер го отежнува гасењето на пожарот. Моментално на терен се повеќе пожарникари со ПП возила, но итноста на настанот и зафатеноста на пожарникарите повторно не дозволуваат да располагаме со подетални податоци. Интервенцијата е започната во 18, 00 часот. Покрај овој пожар низ Кочанско Поле горат стрништа и сува трева и на други локации (запалени како припреми за сеидба на обработливите површини), но моментално противпожарната единица интервенира на пожарот кај селото Горни Подлог кој истиот го смета како поголема закана во однос на другите.

Можеби ќе ве интересира

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК

Премиерот објави фотка од дрон: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!

ДЕСК

Апсења и претреси низ Македонија – Уапсен директор на моќна институција

ДЕСК