3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈА

Што се случува со времето: Циклон носи невреме со поројни дождови и грмежи среде зима и пролетни температури, а потоа пресврт и вистинска зима со снег

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на повеќе места ќе бидат обилни и до сабота се очекува да наврнат над 50 л/м2.

Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

Прогноза за 19.01.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Претежно облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 20.01.2023
Минимална температура: 3°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Облачно со врнежи од дожд, кои во текот на денот во западните делови освен на планините ќе преминуваат во снег и на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 21.01.2023
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: 1°C до 8°C
Променливо облачно и студено со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а на пониските места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.