12. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Османи во Украина на средба со Стефанчук

Претседавачот со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со Руслан Стефанчук, претседател на Врховната рада на Украина.

Во рамките на средбата, Османи ја реафирмира позицијата дека Русија, со воената агресија врз Украина, ја крши Повелбата на ОН, основните принципи на меѓународното право и човековите права, и дека Северна Македонија оваа позиција ќе ја задржи и како земја претседавач со ОБСЕ.

„Го презедовме претседавањето со ОБСЕ во време на најтешката безбедносна и геополитичка криза по Втората светска војна. Сепак, ќе се посветиме на изнаоѓање дипломатски решенија, без разлика колку состојбите на терен се комплицирани“, истакна Османи додавајќи дека како претседавач на ОБСЕ ќе ги интензивира комуникациите со сите украински власти во врска со можноста за враќање на мисијата на ОБСЕ во Украина.

Можеби ќе ве интересира

Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице

ДЕСК

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

ДЕСК

Алиу: Реновирана Клиниката за урологија, воведени две нови хируршки методи, во фаза на реновирање е Центарот за трансплантација

ДЕСК