24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен гостиварец поради бегство од затвор

На 16.01.2023, околу 20 часот, во с. Идризово, Скопско, од полициски службеници од СВР Скопје приведен е Ш. Ј. (45) од Гостивар, кој е баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа „Идризово“, каде што издржувал казна затвор.

Воедно, при легитимирањето пријавениот употребил лажни хрватски документи на име Л. Ј..

За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни пријави поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа, казниво по чл. 378, и кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина, казниво од чл. 380 од Кривичниот законик.