Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демократскиот сојуз: Бугарските националисти да бидат прогласени персона нон грата

Демократскиот сојуз ги осудува шовинистичките и сепаратистички изјави и пароли „Македонија е бугарска“ на групата Бугари предводени од европратеникот Ангел Џамбаски минатиот викенд во Скопје.

„Во Македонија сите граѓани, вклучително и оние кои се чувствуваат како Бугари, може да го негуваат својот етнички и културен идентитет, да формираат здруженија и да ги чествуваат настаните од историјата кои сметаат дека се значајни за нив, но тоа не смее да биде со негирање на македонскиот народ и неговиот идентитет и на штета на карактерот на македонската држава“, велат од партијата.

Демократскиот сојуз ги повикува надлежните институции да ги прогласат за персона нон грата личностите како Ангел Џамбаски и пратеникот во бугарскиот парламент Костадин Костадинов, кои со своите провокаторски изјави и настапи не придонесуваат за негување пријателство и добрососедски односи помеѓу македонскиот и бугарскиот народ и двете држави.

МВР треба да ги следи сите овие активности и во кординација со АНБ, да реагира и да презема мерки согласно законскитe надлежности.

„Нека ценат граѓаните дали со ваквиот однос треба Бугарите да бидат дел од конститутивните народи и да бидат вградени во Преамбулата на Македонскиот Устав“, велат од Демократскиот сојуз.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од денешното ВМРО

C +