13. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Цврсто ќе се борам за зачувување на принципите за кои СДСМ се залага

Функционерот во СДСМ, Оливер Спасовски кажа дека состојбата во партијата е нормална и за секоја поинаква одлука единствено може да се дебатира во рамки на партиските органи. Тој ова го одговори во гостувањето во ТВ24, на прашањето за евентуални несогласувања меѓу функционери во партијата.

-Одлуките се носат во органите, а по тесни кружоци може да се разговара за одредена тема, но тоа не се стратеши одлуки на СДСМ. Како функционер во партијата цврсто ќе се борам за сочувување на единството на партијата и зачувување на принципите за кои партијата се залага. За тоа ќе се дебатира внатре во рамки на партијата. Ќе нема човек во СДСМ да се охрабри да ги руши овие принципи за кои партијата се залага, рече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Паника поради падот од 130.000 гласа

ДЕСК

Судот оформи предмет во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија

ДЕСК

Повеќемина повредени во тешка сообраќајка кај Меџитлија, откако форд излетал од патот

ДЕСК