24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Не може малку да сте „за“ ЕУ и НАТО, тоа е импровизација

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уставните измени реално можат да бидат усвоени, но е потешко тоа да се случи отколку во претходниот период. Во гостувањето во ТВ24 тој кажа дека неговото мислење за усвојување на уставните измени кажа дека го црпи од чувството за одговрност на политичките субјекти.

-Не може само декларативно да кажуваме дека сакаме во ЕУ, а да не ја понесеме политичката одговорност. Сите напори треба да бидат направени во наредниот период. Преку политички дијалог да дојдеме и до консензус за промената на Уставот. Доколку тоа не се случи, политичките субјекти треба да кажат дека не се за продолжување на преговорите и за членство. Политикантство и импровизација со националните интереси е недозволиво. Опозицијата имаше јасен став и за претходните уставни измени. Велеа дека нема да поддржат уставни измени и Договори, дека тоа ќе го спречат преку протести. И на крајот ништо не се случи во тој дел од страна на опозицијата. Едно е да излегувате со празни флоскули и без јасен политички став и да манипулирате пред граѓаните. Тоа е клучната разлика, затоа што не може дека кога се зборува дека постои еден политички блок што го предводи опозицијата и еден проевропски што го предводи власта, е тогаш не може и едните и другите да велат дека се за ЕУ и НАТО. Или сте за или против, не може да сте малку за, кажа Спасовски.