Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен крадец осуден на казна затвор од две години и осум месеци

Вчера на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полицијата приведе крадец осуден на казна затвор од две години и осум месеци.

Според информациите од МВР, вчера во 16.05 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.Р.(52) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и осум месеци за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Фрчат казни: Во месец октомври 16.801 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 121 лице за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Ужас во Скопје: Прегазил пешак, па побегнал – полицијата го најде

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК