Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: За една година во ТИРЗ нови 2.300 работни места и 430 милиони евра инвестиции

Мерките и политиките, што ги креира Владата предводена од СДСМ создаваат поволни услови за вложувања, кои ги препознаваат светски ренормирани компании и ја избираат нашата држава, како најпололна за инвестиции. Новата година започна со нова инвестиција на компанијата „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип во вредност од 40 милиони евра, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека и во време на светска економска криза, 2022 е година со најуспешни резултати кои компаниите ги остварија во Технолошки-индустриските развојни зони (ТИРЗ).

За една година во ТИРЗ се вложени над 430 милиини евра нови инвестиции, отворени се 2.300 нови работни места.

Во октомври лани се надмина и највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат постигнат во 2021 година.

И за странските и за домашните инвеститори, нудиме стабилност за вложувањата, добро платени и сигурни работни места за нашите граѓани, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК