На 13.01.2023 во 00.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.С.(48) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.01.2023 во 16.30 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(36) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.01.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ф.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.01.2023 во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода Г.Н.(33) и М.Ј.(32), двајцата од Битола, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 13.01.2023 во 01.35 часот на локалниот пат Струмица-село Баница, полициски службеници од Полициска станица Струмица извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки. При контролата, кај малолетен сопатник од Гевгелија, кој престојувал во Струмица, била пронајдена марихуана. Во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.01.2023 во с.Богомила, општина Чашка, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода С.Ј.(65) и Т.Б.(50) од Скопје. При преглед на возило „опел фронтера“ со скопски регистарски ознаки, кај С.Ј. биле пронајдени и одземени една ловечка пушка калибар 16GA и 14 куршуми за неа, додека кај Т.Б. биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин „Црвена застава“ калибар 8,57 и 15 куршуми за него. Тие биле приведени во Полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.01.2023 околу 18.20 часот во тетовско Теарце, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 26-годишниот А.Р. од тетовско Доброште за издржување затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.