На 11.01.2023 во 14.30 часот во Полициската станица во Кавадарци, 43-годишен жител од Кавадарци пријавил дека бил измамен од М.К.(42) од Кавадарци за сума од 72.000 денари. Според пријавеното, М.К. му побарал податоци од неговата лична карта и трансакциска сметка, со цел некој негов пријател да му пушти пари, затоа што наводно имал блокирана сметка.
Како што е пријавено, откако парите биле уплатени на сметката, оштетениот ги извадил и му ги дал на М.К., по што на 09.11.2023 бил известен дека има за плаќање рата за брз кредит на негово име, по што сфатил дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.