Centar.mk
БИЗНИС

ИКЕА повлекува производ од безбедносни причини: купувачите повикани бесплатно да нарачаат замена

ИКЕА денеска апелира до клиентите што имаат „летан“ огледало да престанат да го користат од безбедносни причини и бесплатно да нарачаат ѕидни носачи.

Компанијата најави повлекување на овие огледала поради ризик од кршење на ѕидните носачи.

Тие велат дека забележале оти некои од прицврстувачите што го закачуваат огледалото на ѕидот се кршат поради што некои огледала наеднаш паднале.

„ИКЕА се извинува за какви било непријатности што може да ги предизвика ова повлекување за поправки“, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Овој ноември сме плаќале поскапо кафе и храна по кафичите и рестораните за цели 4,1 отсто во однос на лани

ДЕСК

Маск ја напаѓа ЕУ?

ДЕСК

„Нетфликс“ го купува „Ворнер брос“ за 72 милијарди долари

C +
error: Соддржината е заштитена.