13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Евростат: 90 отсто од Европејците се загрижени поради порастот на трошоците за живот

Тековниот пораст на трошоците за живот ги загрижува повеќе од девет од десет Европејци, а речиси половина од населението е веќе погодено со оваа ситуација, според истражувањето спроведено во име на Европскиот парламент.

Дури 93 отсто од испитаниците се изјасниле дека се загрижени поради зголемените трошоци за живот, 46 отсто рекле дека нивниот животен стандард веќе е намален, а 39 отсто очекуваат да бидат погодени од тоа во иднина.

Вкупно 45 проценти рекле дека моментно имаат некои или големи тешкотии во животот со приходите во нивното домаќинство. Во декември инфлацијата во еврозоната изнесуваше 9,2 отсто, објави статистичката агенција на Европската Унија, Евростат.

Други големи проблеми за граѓаните на ЕУ се сиромаштијата и социјалната исклученост (82 отсто), климатските промени (81 отсто), проширувањето на војната во Украина (81 отсто) и ризикот од нуклеарен инцидент (74 отсто). Испитаниците рекоа дека, генерално, се незадоволни од она што ЕУ и националните влади го направија за решавање на кризата.

Вкупно 64 отсто рекле дека не се задоволни од одговорот на нивната национална влада, а 56 отсто од мерките преземени на ниво на ЕУ.

Сепак, седум од 10 Европејци ја одобруваат финансиската, воената и економската поддршка на ЕУ за Украина.

Спонзорирано: