Конференцијата на Цивил „Различностите, благодат или проклетство“ за предизвиците и перспективите на мултикултурното општество ќе се одржи во хотел Сити Парк, на 12 јануари (четврток), со почеток во 12 часот.
Главното прашање на Конференцијата е: Кои се главните предизвици и перспективи на мултикултурализмот во нашето општество?
Целта на оваа конференција е да даде придонес кон општествениот дијалог и креирањето политики и практики за поддршка и унапредување на мултикултурализмот во македонското општество.
Конференцијата ќе се одвива во формат на 10-минутни разговори на кои ќе се постави главното прашање, со опција за потпрашања од водителот. По разговорот, ќе се отвори можноста за 1-2 прашања или коментари од публиката (до 1 минута).
Конференцијата ќе биде пренесувана во живо на онлајн каналите на Цивил, Фејсбук и Јутуб, а од неа ќе произлезат повеќе видео и текстуални прилози кои ќе бидат објавени на медиумската платформа на Цивил. Сите содржини ќе бидат достапни за преземање според лиценцата Creative Commons 4.0.
Конференцијата е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“ што го спроведува Цивил со поддршка од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
За прашања и коментари: civil.macedonia@gmail.com или 075 / 389 699.
извор Civilmedia.mk