16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Рачна бомба пронајдена во тетовско село, едно лице под истрага

Кај 53-годишен жител на тетовско село била пронајдена рачна бомба, била скриена во спалната соба, соопшти тетовското обвинителство.

Имено, основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 53-годишен жител на тетовското село Долно Палчиште, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи од член 396 став 2 од Кривичниот законик.

Во неговата семејна куќа тој држел боева рачна бомба Ф1 од кинеско производство, иако поседувањето на вакви експлозивни материи на граѓаните им е забрането.

Бомбата била пронајдена при претрес во домот на осомничениот на 8 јануари, скриена во кутија под креветот во спалната соба.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена, информираат надлежните.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ВРНЕЖИ ДО ДОЖД КОИ ЌЕ БИДАТ ПООБИЛНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Филипче: Ги боли што ја кажуваме вистината за нивните лаги со нивни зборови, тоа не е црна кампања

ДЕСК

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК