Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

Вчера во 18.35 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец Ј.И..

Тој се сомничи дека во спортска обложувалница на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар извршил кражба, при што од едно лице одзел личен предмет.

Одземениот предмет бил пронајден и вратен на неговиот сопственик С.С.(56) од Гостивар.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот, против Ј.И. ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК