Денеска, 08.01.2023 година, Регионалниот ЦУК Тетово, во врска со вчерашниот шумски пожар над с. Теарце во Националниот парк „Шар Планина“, Тетовско, информира дека е стапено во контакт со пријавителот, ренџерот кој е вработен во Националниот парк “Шар Планина“, при што истиот известил дека утрово екипа од Националнит парк се собирала во с. Теарце, Општината Теарце, за да се упати кон местото на пожарот.
Регионалниот ЦУК Тетово стапил во контакт и со директорот на Националниот парк и тој потврдил дека пожарот е се уште активен и дека се гледа од Теарце и Тетово, поточно дека се уште согорува и чади. За развојот на настаните се известени и силите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Според информациите од терен, до местото на шумскиот пожар над с. Теарце треба да пешачи околу два часа, бидејќи позицијата каде што се уште гори е многу високо и е на непристапен терен.
Инаку, покрај информирањето на надлежните локални претставници на институциите за појавениот пожар, ситуацијата се следи од вчера (07.01.2023 година, по 13.00 часот) кога на единствениот телефонски број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена информација за шумски пожар во месноста „Камник“ над с.Теарце. По добиената информација за пожарот, дежурните од Регионалниот ЦУК Тетово стапиле во контакт со пријавителот, односно ренџер вработен во Национален парк „Шар Планина“. Притоа, ренџерот известил дека тој, со екипа вработени во Националниот парк, се упатени кон локацијата каде што е активен пожарот. Се работело за непристапен терен каде што гори шума. Истите со теренско возило стигнале до околу половина километр од огнот, а потоа продолжиле пеш. Согласно следењето на ситуацијата и по добивањето на подетални информации за истото биле навремено континуирано информирани надлежните локални институции. Потоа, (07.01.2023 година од 17:30 часот), кога по извршениот контакт со директорот на Национален парк „Шар Планина“ е добиена информација дека пожарот над с.Теарце е се уште активен. Пожарот имал три крака, на три страни се ширел, на многу тежок непристапен терен и за да се стигне до него потребно е пешачење од најмалку 2 часа. Екипата од Националниот парк, заедно со директорот на Паркот, во момент на вчерашното информирање во 17.30 часот, се повлекувале надолу. Како резултат на метеоролошките и временските услови, поточно на воздушниот притисок, чадот од пожарот се спуштал надолу и истиот им создавал големи проблеми во дишењето на вработените и заради тоа тие се повлекле. Во моментот на вчерашниот увид, е констатирано дека била опожарена површина од околу 5-6 хектари од што дел била букова шума, а дел биле пасишта и папрат. На опожарената површина пред 4-5 години имало пожар и како последица на него има голем број паднати дрвја што сега гореле. Од Националниот парк информирале дека имало надеж дека со падот на температурата огнот да се самоизгасне, а секако дежурна екипа на Националниот парк го следела пожарот со присуство на терен и преку директем контакт со граѓани коишто престојуваат околу реонот каде што е пожарот. Конкретно, од викендици во месноста „Три Води“ од каде што визуелно се гледа пожарот, граѓаните директно го известувале директорот на Национален Парк „Шар Планина“, така што во секое време се добиваат информации во врска со пожарот и од тој правец.