Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тигрите го пронајдоа телото на жената од велешко што се фрли во Вардар

Денеска специјалците од полициската единица Тигри во реката Вардар го пронајдоа и извадија телото на жената што се фрли во реката кај Велес. Педесет и петгодишната жена нешто после полноќ на 31 декември се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес.

Во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М од Скопје пријавил во СВР Велес дека од домот се оддалечила неговата 55-годишна сестра М.К од велешкото село Сојаклари.

Од полицијата потврдуваат дека е извадено женско тело од реката Вардар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.