2023 година нема да биде изборна година бидејќи се уште трае скринингот којшто треба да заврши некаде во ноември 2023 година и ние најверојатно нема да направиме да се прекине скринигнот сега, после 17 години чекање, истакна премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето на МРТ.
– Второ енергетската криза нема да з
астане и економската криза, би требало да бидат функционални институциите кои што ќе се справуваат со неа. Трето, имаме за носење голем број одлуки во собранието кои што бараат широк општествен и политички консензус и кој што консензус нема нема избори да го обезбедат, јас гледам некои политички партии викаат ние ќе гласаме доколку ќе има избори, кажа Ковачевски.
Според него, поддржување на избори преку стратешки прашања е апсолутно несоодветно.
-Јас можам да ја разбирам позицијата на, многу сум размислувал и тоа често го говорам, позицијата на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи тие се наоѓаат во комплетно заложништво на Левица, во моментов наративот на опозицијата го води Левица или Димитар Апасиев, со оглед на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема став во ниту една прашање но ниту имал некогаш став, ниту визија, ниту пак одличност и сите бевме сведоци како тие го менуваат ставот во однос на пристапувањето кон ЕУ, прво се прифаќаше јавно договорот со БГ, па потоа нивниот претседател кажа дека ќе подржи уставни измени со наредниот бугарски премиер, па потоа кажа дека нема да подржи и бараше нотарски изјави од пратениците, па потоа кажа дека ако европските институции дават некаква гаранција ќе подржи, па за потоа да кажи дека никако нема да подржи, и тоа е практично немање на став по најважно прашање. Исто и тоа го гледаат граѓаните, затоа се и личните рејтинзи на политичарите такви, така да сметам дека пратениците на Собранието и политичките партии ќе имаат би рекол визија и храброст да донесат одлука со која ние го продолжуваме нашиот пат во ЕУ. Ќе има уште одлуки, јас тоа го кажував, кои што е се однесуваат на системско уредување на државата во многу области, здравство, правосудство, па и енергетскиот сектор, екологијата и така натаму, тоа нема да бидат едноставни одлуки, меѓутоа сето тоа ќе ја направи СМ да биде на ниво на функционирање кои што сите ние го сакаме а тоа е функционирањето на земјите членки на ЕУ, нагласи Ковачевски.