25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Се докажа дека кавгата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е заради тендери

Животната средина е многу значајна, загадувањето на Скопје е историски проблем и јас никогаш прашањата кои се стратегиски долгорочни не сум ги поставил на краткорочна политичка рамка, рече премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за МРТ.

-Исто како прашањето за ЕУ што не го поставувам во краткорочна рамка, како што некои тоа сакаат така да го прават, па да се служат со уцени, или ова ќе биде или тоа да биде, истото се однесува на унапредувањето на животната средина, не е само владата што инвестира на унапредувањето на животната средина преку буџетот, тука тоа се прави и преку други инструменти, како општините, меѓутоа пред се преку меѓународно финансиски институции, постојат проекти кои што веќе се одобрени, како што е брз автобуски превоз во Скопје, бидејќи превозот во зимските месеци е еден од најзагадувачи, гледаме дека тој проект не се реализира, потоа пречистителна станица од 126 милиони евра за градот Скопје кој што не се реалзира и кој што практично беше причина зошто во градот Скопје се скараа градоначалничката и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и се потврди вчера, значи вчера најдобро се потврди дека всушност кавгата била за тендери, кажа Ковачевски.

Според премиерот доволно покажува што ВМРО-ДПМНЕ и Левица гласале за предлог буџетот предложен од градоначалничката.
-Тука се работи за гласање во советот тие немаат проблеми меѓу себе, имаат проблеми кога се работи за одредени тендери, меѓутоа тој тендер е финансиран од Европската инвестициона банка 126 милиони евра и требат да го спроведат, исто така управување со цврст отпад, има над 50 милиони евра 55 милиони евра кои се одобрени од ЕБОР кои што не се реализираат исто така за заради тоа што не носат одлуки градоначалници во источниот дел од државата пак од политички причини, меѓутоа тоа се европски проекти и финансирање со пари од ЕБОР, во ИПА проектите има 110 милиони евра за унапредување за животната средина, исто така зголемување на инвестициите и инсталирање на обновливи извори на енергија е еден од начините на унапредување на животната средина, смета премиерот.

Ковачевски додаде дека оваа влада за 10 месеци има во државата испланирано 141 мегават обновливи извори на енергија ставени во употреба.
-До крајот на мандатот тоа ќе биде 300 мегавати, што значи практично половина од капацитетот на РЕК Битола ќе биде од дополнително нови обновливи извори на енергија и се работи и се работи на стратешки проекти. Дополнително преку програмите за МЕ се определени финансиски средства за овозможување на граѓаните за дополнителна субвенција за инсталирање на топлински колектори за вода, фото-напонски централи за домаќинствата. Сменета е комплетно регулативата во делот на инсталирање на фото-напонски централи за домаќинствата ако порано не можеше да се приклучат на универзален снабдувач сега можат. Ако процедурите со сите дозволи траеја 30, 60 и повеќе денови сега со поедноставувањето на постапката таа е еден ден. Истото се однесува и на индустриските капацитети каде што го зголемивме лимитот до којшто можат да инсталираат на крововите на индустриските капацитети. Се тоа се мерки, одлуки, правилни и закони и инвестиции кои што на долг и среден рок ќе ја унапредат животната средина во нашата држава. Јас верувам дека тоа и ќе се случи. Сите мора да работат кога се работи за таква стратешка цел. И Владата меѓутоа и општините мора да го стават тоа прашање како приоритет а не внатрепартиска борба и собирање на политички поени. Нема разлика меѓу собирањето на политички поени и политичката борба на прашањето за животна средина па би рекол и за ова што е за ЕУ. Се е тоа краткорочно да се добие нешто што нема никаква поврзаност со интересите на граѓаните и државата, заклучи Ковачевски.